Манасков и Томовски ги пропуштаат МИ

Машката сениорска репрезентација ги почна подготовките за Медитеранските игри. Селекторот Лазаров ќе го менува оригиналното сценарио и играчкиот кадар. 


Почнаа подготовките на македонските репрезентации за настапот на Медитеранските игри што годинава се одржуваат во Оран, Алжир. 

Македонија со млад тим ќе патува за Алжир. Откако од првичниот список отпадна Филип Талески, денеска беше потскратен за уште неколку поискусни играчи.
Дејан Манасков, Мартин Томовски, Марко Мишевски и Милан Лазаревски се четирите ракометари што не беа денеска на првиот собир на репрезентацијата. 
Македонскиот сениорски тим се подготвува за настап на Медитеранските игри, настан што за селекторот е многу битен во составувањето на репрезентацијата за следниот циклус на квалификации за ЕП 2024, како и за настап на Светското првенство во јануари 2023. 

Овој квартет на играчи нема да настапи на МИ, а повик добија кадетскиот репрезентативен голман Иван Галевски и левиот бек Теодор Тодески, двајцата ракометари на прволигашкиот шампион и нов суперлигаш - Алкалоид. 

Македонија се наоѓа во групата „Б“ на Медитеранските игри заедно со репрезентациите на Шпанија, Алжир, Турција и Грција, а првиот меч го игра на 28 јуни против Грција.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk