Им се погодија Њокаси: Ал Најма го освои Заливскиот Куп

Екипата на Ал Најма (Ал Наџма) е победник на Заливскиот Куп. Следниот предизвик ќе биде Арапскиот шампионат.



Екипата на Ал Најма од Бахреин, предводена од довчерашните играчи на Вардар, Оливие и Кевин Њокас славеше убедливо, со цели 15 гола разлика (39-24) во финалето на Заливскиот Куп против Мадар од Саудиска Арабија и го освои престижниот пехар. 

Следниот предизвик ќе биде настапот на Арапскиот шампионат. Ова натпреварување доби на тежина откако ИХФ ја прифати иницијативата на Арапската Унија, победникот од ова натпреварување да добие покана за настап на Супер Глоуб. 

Да ве потсетиме: Финалистот на Заливскиот Куп, Ал Мадар од С. Арабија до неодамна беше предводена од македонскиот тренер Данило Брестовац. Под негово водство стана шампион на С. Арабија и го освои Супер Куп натпреварувањето. По неговото заминување, стигна до финалето на Заливскиот Куп, но таму доживеа катастрофа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk