ШОК во Алборг: ГОГ е нов шампион!

Алборг одеше по истите стапки како и Веспрем. На првиот меч во Гудме, одигра нерешено и на домашен терен ја пресели битката за шампионската титула. 
На домашен терен Алборг имаше плус три и напад на 15 минути на крајот, но... 



ГОГ беше во минуст од три гола на 15 минути до крајот (16-19), но во 54-минута беше 24-24, а две минути подоцна водеше ГОГ 26-24. Конечно, тимот на Матијас Гидсел и Симон Питлик славеше 27-26 и ја освои првата шампионска титула за ГОГ по пауза од 15 години. 
Алборг, преланскиот финалист на ЛШ, по три шампионски пехари по ред, остана без титула. 

Ако не знаевте: Алборг сега не би требало да игра во Лигата на шампионите, затоа што директното место е резервирано за ГОГ. 
Но, во Алборг доаѓа Микел Хансен и ЕХФ ќе биде под силен притисок од Данска. Речиси сме сигурни дека Алборг ќе добие еден од шесте џокери (вајлд карта) за место во Лигата на шампионите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk