На крајот на силите: Сериозни повреди во Флензбург

Двајца ракометари на Флензбург не ја издржаа сезоната до крајот. Сега ќе мора да паузираат подолго време.



Бенјамин Буриќ и Јим Готфридсон нема да го одиграат последниот меч од Бундес лигата за својот Флензбург. Долгата сезона, многу патувања и натпревари безмилосно го наоплаќаат својот данок. Особено кога е Готфридсон во прашање, преморот води од една точка до друга и на крајот стигнува сметката.

Двајцата ракометари на Флензбург имаат скинати мускулни влакна. Готфридсон помина полесно и тој ќе мора да одмора неколку недели. Босанскиот голман, пак, ќе паузира неколку месеци и нема да биде спремен ниту за почетокот на следната сезона. 

Да ве потсетиме: Слични проблеми како Флензбург има и Кил, уште еден тим со потенок ростер и обврска да победи на сите фронтови. Хенрик Пекелер и Сандер Сагосен не го дочекаа крајот на сезоната. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk