ИХФ, конечно закажа ждрепка за СП Македонија У18

Македонија ќе биде домаќин на Светско првенство за девојки, под 18 години, од 30 јули до 10 август, прво првенство што ќе се игра со 32 репрезентации. 



Светско првенство У18 со 32 репрезентации се покажа како голем предизвик за ИХФ, да собере 32 репрезентации. 
По неколку измени на составот на учесниците, ИХФ конечно, состави 32 екипи и ја закажа ждрепката за 2 јуни.
Фарски Острови, Исланд и Шпанија се последните екипи што се приклучија на друштвото, заедно со Индија, откако од настап се откажаа Јапонија, Мексико, Канада, а и Србија која беше главен кандидат за место на мундијалот, ја нема на конечниот список. 

Македонија е во вториот шешир, тоа е непроменето, а Љубимир Савевски ќе има можност да ја одбере групата во која ќе игра македонскиот тим. 

1 ШЕШИР:
Унгарија, Германија, Иран, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија, Црна Гора
2. ШЕШИР:
Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска, Македонија, Чешка, Казахстан, Холандија
3. ШЕШИР:
Египет, Австрија, Бразил, Словачка, Аргентина, Гвинеја, Узбекистан, Алжир
4. ШЕШИР:
Кореја, Индија, Сенегал, Уругвај, Ф. Острови, Исланд Словенија, Шпанија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk