Нов договор за Петровиќ во Битола

По двете официјализирани заминувања од Е. Пелистер 2, битолчани објавија и убава вест за своите фанови. 



РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека го продолжи договорот со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ. 
„По успешните две сезони, во кои со екипата ги исполни зацртаните цели, десниот бек денеска стави потпис на нов едногодишен договор.
Особено задоволство ни е што Петровиќ во Битола се чувствува како дома и веруваме дека заеднички ќе се радуваме на успеси и во иднина. Петровиќ за првпат ќе го предводи тимот на Еурофарм Пелистер 2 во европските клупски натпреварувања во сезоната 2022/23“ се вели во објавата на Еурофарм Пелистер 2. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk