Две заминувања од битолската „двојка“

Промените нема да го одминат и Еурофарм Пелистер 2. Двајца искусни играчи си заминуваат. 




Првиот битолски тим објави заминување на девет играчи и тоа не е конечен список. Промени ќе има и во вториот битолски клуб, Еурофарм Пелистер 2 од каде денеска е потврдено дека заминуваат двајца искусни ракометари. 
Тоа се голманот Благојче Трајковски и крилото Милан Ѓукиќ. 

Се очекуваат и други заминувања, пред се на Цветан Кузманоски и дали еден или двајцата браќа Атанасијевиќ за кои се очекува трансфер во првиот тим. Не би се изненадиле и Емилијан Ѓорговски да добие таква прекоманда. 


Ако не знаевте: Голманот Благојче Трајковски беше репрезентативец на Македонија во ерата на Лино Червар и настапи на Светско првенство. Македонија беше првата репрезентација што меч на Светско првенство (Франција 2017) го почна со игра седум на шест. Благојче Трајковски и Кирил Колев беа изборот на Черва за голмани што најдобро би се снашле во таквата стратегија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk