Моралес потпиша за уште една година

РК Вардар денеска со две вести ги радува своите навивачи. Двете за волја на вистината „провалени“, одамна, но сепак, официјално е официјално. 




Пикерот на Чеховски медведи, Павел Андреев потпиша договор со Вардар и ќе го менува полскиот репрезентативец Патрик Валчак кој заминува во Португалија. Трансферот на Русинот, денеска е официјализиран. 

Втората убава вест е дека Куни Моралес останува и следната сезона. Кубанецот требаше да биде во втор-трет план зад Гурбиндо, Њокас, но се претвори во носечки играч на десната бековска позиција. Беше еден од најдобрите, кога најмногу требаше, на мечот за шампионски пехар во Битола. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk