Норвешка одбра (непознат) селектор

Кристијан Берге замина од кормилото на Норвешка без да успее да освои злато и се пресели во норвешкиот клуб Колстад, екипа каде што доаѓаат најголемите норвешки ѕвезди летово. 



Норвешка ќе продолжи под водство на тренер за кого веруваме дека најголем дел од љубителите на ракометот кај нас, не слушнале. 
Се работи за Јонас Виле, Норвежнец, асистент на Берге, сезонава тренер на шведскиот клуб Кристијанштат. Покрај многуте споменати имиња кои наводно требаше да аплицираат, на крајот се сведе на два кандатати. 
Јонас Виле и поранешната ѕвезда Кристијан Кјелинг. Но, Кјелинг бил информиран дека неговата апликација е одбиена, а во шведската ракометна федерација веќе има процес за раскинување н договорот на Виле со Кристијанштад, па кога ќе се соберат два и два... 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk