Волф му донесе титула на Келце, Висла нема срце за шампион

Висла Плоцк слично како и Е. Пелистер имаше меч топка на домашен терен за шампионски пехар. Висла Плоцк исто како и Е. Пелистер остана со празни раце, иако во текот на мечот водеше и со пет гола разлика. 



Пет директни црвени картони, враќање од минус пет, 20 одбрани на феноменалниот голман и нов шампионски пехар за Келце. 
Висла и Келце вечерва одиграа нерешено 20-20 (12-10) пeнали 3-5, во Плоцк по што старо-нов шампион на Полска ќе биде Келце. Висла едноставно немаше среќа, срце и мади..а за да го симне Келце од тронот. 
Шанса имаше, водеше 16-11 во 40 минута, но како да се исплаши од Волф кој имаше 50% одбранети удари. Ракометарите на Висла промашија три седмерци по ред кога Келце се враќаше во игра, а промашија и три чисти удари во самиот финиш кога се бореа за победа.
Покрај трите исклучени играчи, Висла имаше и хендикеп, го загуби централениот бек Нико Мендигија, кој го повреди коленото во вториот дел во обид да направи финта. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk