Францускиот бек на Барса е на пат да стане дел од одбрано друштво.
Во пресрет на Фајнал фор во Келн, францускиот бек Дика Мем со 90 постигнати гола е водечки на листата на стрелците во ЛШ. Негов најголем ривал ќе биде Петар Ненадиќ кој има 85 гола, но и почесто шутира пенали и соиграчот од Барса, Алеиш Гомез кој има 82 гола, но и е главен пеналџија во екипата.
Дика Мем досега не бил на врвот на листата на стрелци и доколку на следните два меча успее да ја одбрани разликата пред се од споменатите ривали, тогаш ќе влезе во одбраното друштво во кое рекордер во една сезона е Микел Хансен (141), а вкупен рекордер е Кирил Лазаров.
ДОСЕГАШНА СЕЗОНА ТОП 10
1. Дика Мем (Барса) - 90 (3)
2. Феликс Клар (Алборг) - 88 (0)
3. Камил Шипжак (ПСЖ) - 86 (13)
4. Петар Ненадиќ (Веспрем) - 83 (13)
5. Алеиш Гомез (Барса) - 82 (32)
6. Хампус Ване (Флензбург) - 81 (36)
7. Тобијас Грондал (Елверум) - 81 (38)
8. Гашпер Маргуч (Веспрем) - 79 (29)
9. Раул Кампос (Динамо) - 78 (2)
10. Ерик Јохансон (Елверум) - 75 (0)
10. Тимур Дибиров (Вардар) - 75 (28)
Најмногу голови во една сезона - Микел Хансен (141) - 2015/16
Надобар стрелец по сезони - Уве Гензајмер (3) - 2010/11, 2016/17, 2017/18
Најдобар стрелец на сите времиња - Кирил Лазаров (Македонија)
Најдобри стрелци по држава - Германија, Данска, Хрварска (3)*
Најдобри стрелци според клуб - Веспрем (5)
* Србија има четири пати најдобар стрелец, (Ненад Перуничиќ х2 Момир Илиќ х2). Но, Ненад Перуничиќ во времето кога бил најдобар стрелец бил играч на Југославија.