Кил го совлада Флензбург како гостин (28-27) и пратично го избриша големиот ривал од северот на Германија од битката за место во Лигата на шампионите.
Најголемото дерби во Германија, дуелот меѓу Флензбург и Кил заврши со минимална победа на „зебрите“ кои беа гости во Флензбург.
Со овој пораз Флензбург остана на позицијата четири, зад Магдебург, Кил и Берлин со 48 бода, додека по 50 освоени имаат Кил и Берлин, а Кил има и меч помалку.
Лидер во Бундес лигата остана Магдебург кој со 10 гола разлика како гостин славеше кај Хамбург. Магдебург има 58 бода на три меча до крајот и потребен им е само уште еден бод за математички да станат шампиони на Германија.
Веќе во следното коло кога во Магдебург ќе гостува претпоследниот Белинген (веројатно) се ќе биде решено и официјализирано.