Вардар Неготино, Куманово или Аеродром? Сите три екипи имаат шанса директно да влезат во Супер лига и сите три имаат шанса да играат бараж. Ќе пресуди еден меч, а тој се игра денеска.
Вардар Неготино денеска се среќава со скопски Аеродром, на домашен терен со почеток од 18:00 часот. Ако победи Вардар Неготино, ќе може одново да го провози комбето низ градот со таблата со која веќе еднаш прослави пласман во Супер лига.
Ако победи Аеродром, тогаш скопскиот тим ќе биде нов суперлигаш.
Ако вечерва нема победник, тогаш во последното коло Куманово и Вардар Неготино ќе решаваат околу последниот билет за Супер лига.
Екипите што ќе завршат на 4 и 5 место обезбедуваат директен пласман во Супер лига следната сезона. Шестопласираниот тим, ќе игра бараж со последниот во Супер лига, а тоа во моментов е екипата на Скопје.

Последно коло:
Куманово - Вардар Неготино
Аеродром - Јехона
Алкалоид - Младост
Јуниор КВ - Работнички
Голден Арт - Драчево