Жилберто Дуарте доаѓа во Вардар

Жилберто Дуарте е нов ракометар на Вардар. Црвено-црните денеска ја потврдија информацијата што веќе извесен период циркулираше низ ракометните кругови. Ситуаиција кога нема кој ни да потврди ни да демантира, заврши денеска со објава на вардаровата веб страна. 




Жилберто Дуарте е португалски ракометар кој има 31 година и е висок 197 сантиметри. Долгата коса, односно плетенките го прават дополнително препознатлив лик дури и пред неговите ракометни вештини. 

Овој португалски лев бек најдобрите денови од кариерата ги мина како играч на Порто. каде настапуваше до 2016 година, цели девет сезони. Портоа замина на двегодишна печалба во полската Висла Плоцк од таму му се насмевна среќата, па Барса која комбинираше го побара, за како што се виде подоцна - една сезона. Но, следниот повик исто така беше примамлив, а тоа е Монпеље. Од Франција ќе дојде во Скопје. 

На репрезентативен план Дуарте ја загуби улогата на стартер, а блиску е да ја загуби и воопшто ролјата на репрезентативец. Тоа е затоа што Португалците на таа позиција го имаат во подем Александре Кавалканти од Нант во прв план и Андре Гомеш веднаш до него. Како трета опција сериозно се наметнува Славадор Салвадор или Мартим Кошта, двајцата ракометари на Спортинг. 

Жилберто Дуарте е најзвучното име што за следната сезона доаѓа во Вардар. Заедно со Божо Ангелиќ и Нејц Цехте треба да биде ударна бековска линија. Ако останат Талески и Моралес тоа е веќе прилично добро пополнета надворешна линија. 
Во моментов позвучна од таа што ја носи нивниот единствен домашен ривал Еурофарм Пелистер во секој случај. Но, битолчани имаат два џокера да видиме како ќе ги искористат и кого планираат уште да ангажираат.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk