Аџиќ на кормилото на Крим

Словенечкиот Крим успеа да преживее низ лавиринтите каде што се загубија многу познати имиња. Патот кон славата сега ќе го трасира врвен стручњак. 




Словенечко „Дело“ најави интересена можност. Наталија Дерепаско кормилото да му го предаде на Драган Аџиќ, селекторот на Словенија. Тој заедно со нивнарта врвна ракометарка Ана Грос, би требало да го врати тимот на Крим на старите славни патеки. 

А Крим има богата историја зад себе. Беше дел од европската елита во која беше и Кометал Ѓ. П. Двапати беше  европски шампион, три пати вице-првак. потоа тргна во надолна линија. Но, Крим успеа да преживее за разлика од Кометал, Валенсија, Хипо, Ларвик, Аква Волгоград, Слагелсе, Дунафер... екипи што тогаш беа синоним за женски ракомет, сега или се згаснати или се маргиналци во Европа. 

Крим застанува на нозе, но патот назад ќе мора да го трасира и тренер со проверено знаење. Драган Аџиќ еден од креаторите на сите успеси на Будуќност, сега добива нова шанса да го повори тоа што го правеше во Подгорица. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk