Барса е огледало на пораз на ракометот

Барса има ужасно низок рејтинг во својот град. 



Речиси сите позитивни рекорди во машкиот ракомет и на локално и на ЕХФ ниво се во сопственост на каталонската Барса. Десете шампионски титули, најмногу полуфиналиња, клуб под закрила на спортското друштво Барселона во кое е и мегапопуларниот фудбалски клуб.

Но, додека фудбалската Барселона е индустрија на ниво на помала држава, од која живеат илјадници семејства, а клубот наплаќа билет и само за тура низ стадионот, без да има натпревар, во ракометот приказната е поианка и поразителна. 

Барса е веројатно најгледниот тим, но на гости. Вчера дуелот со Флензбург во 1/4 финалето на Лигата на шампионите во живо го гледале нешто над 4.000 гледачи. Во сала со капацитет од 7.500. Вкупно, просекот на гледачи во „Блауграна“ во ЛШ сезонава е 2000. И тоа е надолна линија. 
Таква посетеност на најпознатиот клуб не е пораз само за Барса, туку пораз за целиот ракомет. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk