Голем хендикеп за Кил во пресрет на Фајнал фор турнирот во Келн. Се повреди клучен ракометар.
Хенрик Пекелер еден од најважните ракометари на Кил, пивот што игра во два правца и тешко може да се каде дали е подобар напаѓач или дефанзивец, ќе биде отсутен неколку месеци.
Тој се повреди на мечот со ПСЖ, настрада неговата Ахилова тетива и нема да биде на располагање на Филип Јиха летово.
Кил, заедно со Барса, Келце и Веспрем се пласираше на Фајнал Фор турнирот и ќе се бори за шампионскиот пехар.