КЕЛЦЕ - МОНПЕЉЕ 30-22 (15-8)
Прв натпревар: 31-28
Келце е вториот патник за Ф4 Келн 2022. Вечерва Полјаците не им дадоа никаква шанса на ракометарите на Монпеље.
По Веспрем, вечерва и екипата на Келце го верификуваше пласманот на Ф4 во Келн. Полските ракометари не им дадоа никаква шанса на Французите вечерва. Во преполната и подготвена за славење „Легија“ , избраниците на Талант, предводени од Волф, Каралек (7), Алекс, Карачиќ ... доминираа од почетокот на средбата (7-4, 10-6) на полувреме водеа 15-8, а во одредени период на мечот, во вториот дел имаа и двоцифрена предност.
Конечно 30-22, Келце е на Фајнал фор, Веспрем е таму, а утре со сигурност билет ќе обебеди Барса. Единствената мистерија во 1/4 финалето останува дуелот меѓу Кил и ПСЖ. Таа средба се игра во Германија, првиот меч заврши нерешено (30-30), а ќе ја судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.