Манасков ќе игра на „Ф4“ во Келн

АЛБОРГ - ВЕСПРЕМ 37-35 (20-21)
Прв натпревар: 29-36

Веспрем загуби во Данска, но е подобар во вкупниот скор од данскиот ривал, па стана првиот тим што обезбеди пласман на Фајнал фор турнирот во Келн.


Десеткуваниот Алборг на кој му недостастуваа шест играчи во пресрет на реванш дуелот со Веспрем дополнително беше ослабен откако на загревањето се повреди и првата ѕвезда на тимот, Арон Палмарсон. 

Сепак, Данците пружија отпор за респект, успеаја и да победат, иако реално не беше доведен пласманот на Веспрем во прашање. 
Веспрем го контролираше резултатот. Нивнаѕа највисока предност беше три гола (10-7, 14-11). Алборг израмни 15-15, но одново Унгарците контролираа се на мечот и на одмор заминаа со гол предност. 

Во вториот дел Алборг се разигра во финишот. Поведе на 10 минути до крајот, имаше и плу три, но не беше ни блиску до сензација.
Веспрем веројатно ќе победеше и вечерва, ако ракомет се играше со три или четири топки во исто време. Толкава индивидуалност, поточно себичност вообичаено се казнува, но предноста од седум гола од првиот меч им даде голема комоција на гостите. 
Казната за нив е пораз, но овој пат не со горчлив, туку со вкус на слатка победа. 

Дејан Манасков не постигна гол на овој меч, го гледавме неколкупати како бара топка, осамен, како втрчува на линијата исто така со многу простор околу себе, но на бековите на унгарскиот тим помило им беше сами да решаваат. 

Сеедно, Веспрем е на Фајнал фор, Алборг ќе го чека Микел Хансен и другите најавени ѕвезди на летните подготовки и следната сезона ќе гледаме еден сосема поинаков тим. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk