Гаџа на операција, пауза до декември

Вардар и Анте Гаџа во март се договорија за продолжување на соработката. Но, Хрватот се повреди за време на репрезентативна акција. 



Првиот проблем за Вардар за следната сезона е од играчки карактет. Хрватскиот плејмејкер со кого Вардар потпиша нов договор во март, се повреди на репрезентативната акција минатиот месец.

Дијагностицирана е повреда на предните вкрстени лигаменти. Најчестата и најподмолната ракометна повреда. Процесот е познат, операција и рехабилитациски период што трае најмалку шест месеци, во зависнот од тоа како ќе тече заздравувањето и колку ќе биде „дисциплиниран“ играчот во тој период.
Враќањето на теренот на официјален меч го очекуваме во декември, евентуално во февруари поради паузата поради настапот на репрезентациите на СП 2023.

Вардар ќе мора да бара нов играч за стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. Домашниот шампионат е така дизајниран што во есенскиот дел фаворитите нема да играат меѓусебе, па фокусот комплетно ќе биде на европските натпреварувања. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk