Ракометниот Меси сака да остане во Монпеље

Фановите на Монпеље можат (по)мирно да спијат. Нивниот миленик, ракометниот Меси останува во клубот до истекот на договорот во 2024.




Сташ Скубе доаѓа во Монпеље, но тоа нема да значи заминување на ракометниот Меси - Диего Симонет од тиот. Аргентинскиот виртуоз дојде во Монпеље во 2013 година и одигра важна улога во освојувањето на шампионскиот пехар во 2018. 
Често повреден, многу пропуштени натпревари, доаѓањето на Сташ Скубе за немала отштета си го направија своето и Миди Либре откри дека Диего побарал раскин на договорот за да замине во шпанската Куенка каде што игра неговиот брат Пабло. 

Клубот побрза да демантира, но дека имало таков момент меѓуредови потврди Симонет кој изјави дека не бил среќен, бил често повреден и не му било лесно. Но и дека тоа е надминато и дека останува. 

„Останувам во Монпеље. Имам договор до 2024 и ќе го одработам. Најважно е дека се забавувам на терен, Сега сум во ред, уживам во играта и се надевам дека така и ќе остане“, изјави за Л'Екип аргентинскиот ас. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk