Македонија од втор шешир во ждрепката за СП

До крајот на неделава би требало да биде закажана ждрепката за СП У18 во женска конкуренција што ќе се игра во Македонија. ИХФ комплетираше список на учесници на мундијалот што ќе се игра во Скопје од крајот на јули до средината на август. 
Ждрепката ја организира ИХФ и ќе биде реализирана во Базел, без физичко присуство на претставници на федерациите, туку онлајн. 




Словенија го доби местото на Океанија која нема да организира континентални квалификации. Нема да се игра ниту ИХФ Трофеј, а ИХФ ќе додели џокер (вајлд карта) за таа позиција.
Кореја, Сенегал и Канада добија покани за учество. Јапонија исто така доби покана, но најверојатно нема да игра, а место неа ќе дојде Индија. 
Мексико треба да потврди. Ако Мексиканките не дојдат, нивното место го зазема Србија, а еден џокер останува слободен. Ако, пак, дојде Мексико, џокерот оди во рацете на српските ракометарки. 
Врз основ на регулативите на ИХФ составени се и шеширите за СП. Тие во моментов, изгледаат вака: 

1 ШЕШИР:
Унгарија, Германија, Иран, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија, Црна Гора
2. ШЕШИР:
Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска, Македонија, Чешка, Казахстан, Холандија
3. ШЕШИР:
Египет, Австрија, Бразил, Словачка, Аргентина, Гвинеја, Узбекистан, Алжир
4. ШЕШИР:
Кореја, Индија (Јапонија), Сенегал, Уругвај, Мексико (Србија), Канада, Словенија, (Вајлд Кард/Србија)

Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи (А, Б...Г, Х). Македонија како организатор ќе има можност да одбере во која група ќе игра. Тоа ќе се направи на следниов начин. 
Прв се формираат групите со екипите од последниот шешир, потоа се извлекуваат екипите од третиот шешир, потоа од првиот. По ова Македонија бира во која група сака да игра и на крајот с продолжува со извлекувањето на екипите од вториот шешир. 

Тука ќе биде потребна доктрина и стратегија, добро познавање на ракометните прилики и системот на натпреварување, затоа што тоа може да биде клучно за резултатот. 

Од секоја група продолжуваат по две репрезентации. Подобрите одат во Главна рунда, послабите во Президент Куп. 
Вкрстуваат А/Б , Ц/Д, Е/Ф, Г/Х. Бодовите од натпреварите од групата се пренесуваат. 

Потоа има ново вкрстување. А/Б даваат победник (1), Ц/Д (2), Е/Ф(3) и Г/Х (4). Во 1/4 финалето вкрстуваат победникот од групата 1 со второпласираниот од групата 3. Следствено, победникот од групата 2 со вторпласираниот од групата 4. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk