Барса се одбрани и го задржа Дика Мем

Барса успеа да се одбрани од понудите што за нивниот ракометар Дика Мем стигнуваа од повеќе страни. 




Барса експресно реагираше на најавите дека Дика Мем добива богати понуди и дека е можно и да замине од каталонскиот клуб, иако имаше активен договор до јуни 2024. Клубот за да се обезбеди му понуди нов договор, тој се согласи и сега има договор до 2027. 

Дика Мем, можеби најдоминантниот десен бек во моментов во Барса дојде како 18 годишник од Трембле кој патем заработи за него само 100.000 евра. Барса тогаш го искористи својот играч, францускиот пивот Седрик Сориндо како тутор кој го зема под свое младиот Мем и беше клучниот фактор што тој не го одбра ПСЖ од кого исто така имаше понуда. 

Дика Мем ссе разви во врвен играч, а како таков го привлече вниманието на клубови што можат и се подготвени да платат повеќе од Барса. Но, на крајот, каталонците излегоа како победници. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk