ЖРК Металург по петти пат го освои Куп на Македонија
ФИНАЛЕ НА КУП: МЕТАЛУРГ - ЃОРЧЕ 30-27 (16-12)
Иљаз (11 одб), Младеновска 9, Божиновска 8 - Стојановска 8, Белиќ 5, Николиќ 5
Металург имаше подобро отворање на натпреварот имаа подобра одбрана, голманот Иљаз успеа да запре два удара, па Металург поведе 3-1 и 5-3, пред Ѓорче главно преку Симона Стојановска да стигне на 7-7.
Металург, пак, по 8-8 со серија од 4-0 дојде до 12-8 и разликата ја задржа до полувремето кога беше 16-12.
Металург погоди и на првиот напад во второто полувреме и зголеми на 17-12, потоа Божиновска со својот шести гол зголеми на 18-12, па следеше контра на Темелковска за 19-12, а имаа и пенал ракометарките од Автокоманда, но шутот заврши во стативата. Сето ова се случи во првите четири минути од вториот дел.
Симе Симовски побара тајм аут во седмата минута од продолжението, откако Металург ја запиша новата највисока предност, плус осум гола (21-13).
Металург почна да паѓа под притисокот од трибините што го направија навивачите на Ѓорче, го загубија ритамот, напаѓаа на поставена зона, примаа голови од контра и на девет минути до крајот беше 25-22.
Ива Младеновска со гол од девет метри, незјзиниот осми на средбата, потоа и деветти, го смени ритамот на мечот. Ѓорче мораше да потроши време за да постигне гол, но не беше без шанса затоа што на помалку од две минути беше само на минус два (27-29).
Тоа на крајот можеби и беше клучен фактор. Мораа да шутираа, Иљаз одбрани и Петрушевски и Дамчевска земаа тајм аут на 25 секунди до крајот, со плус два на салдото.
Божиновска со голот број осум стави точка на натпреварот.
Кавадарчани добија признание од претседателот на РФМ, Живко Мукаетов за организацијата на Куп на Македонија.