Кој ќе слави вечерва, Вардар или Е. Пелистер?

Старото ривалство е обновено со сите „нишани“. Денеска во Кавадарци, во финалето на Куп на Македонија ќе се сретнат Вардар и Е. Пелистер. 



Вечерва од 19:30 часот во Кавадарци, се среќаваат Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер. Понекоја добиена битка, но загубена војна за титулата, Е. Пелистер условно кажано спас за сезоната бара вечерва. 
На трибините ќе има Чкембари, тие со посебно мото доаѓаат во Кавадарци.

„Никогаш пораз, само лекција! Се надеваме дека нашите ракометари ја научија лекцијата како треба да се игра за Пелистер! Недела, масовно, одиме во братско Кавадарци и да ја обоиме Јасмин во зелено-бело

Кај Вардар приказната е поинаква, шампионскиот пехар е во џеб, иако до последен момент во игра беше и битолскиот ривал. 
На трибините ќе има Комити, тие со посебно мото доаѓаат во Кавадарци:
Во животот имам што сакам, и пари и жени цел куп, но најмногу мерак ми прави Вардар да освои Куп. 
Уште едно Финале и уште еден дуел со ривалите од Битола, и повторно во салата Јасмин како некогаш, за уште една КОМИТСКА ИНВАЗИЈА на Кавадарци. 
Прилика за двојна и забава луда...
Да грмнеме јако, да покажеме 'муда', Комитската песна нека се пее, За Вардар од срце - нека се чудат

Денеска ќе се игра и финалето во женскиот Куп на Македонија. Металург и Ѓорче се финалистите откако вчера беа подобри од екипите на Куманово односно на Чаир. Овој натпревар се игра со почеток од 17:00 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk