Фенерџијата ја запре Барса во Асобал

Кога играат првиот и последниот на табелата, не се обложувај. Тоа е старо правило на  прекалените борци и ветераните низ спортските обложуваници, а денеска се потврди и на место каде што навистина беше, ехем, невозможно. 
Барса на гостувањето кај отпишаната Антекера, одигра нерешено 32-32. 



Иако настапи без Варгас, Мем, Енгесан, Циндриќ, Фабрегас... па и тренерот Ортега, за Барса нема оправдување за загубениот бод на гостувањето кај фенерџијата Антекера, екипа која ја победија со 45-19 кога прв пат играа сезонава. 
Последниот тим на табелата, многу одамна бодовно преселен во понизок ранг, испаѓањето од Асобал ќе го „прослави“ со бод од Барса. 
запрена е долга серија, но технички не е срушен никаков рекорд, Барса има и еден пораз годинава, во ноември, службено загуби од Торелевага поради настапот на Јусуф Бен Али кој играше, а немаше право за настап. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk