Горење повторно прави силен тим

Горење стана близок и на македонската публика поради бројните натпревари со нашите екипи, како и своевремено учеството во СЕХА.




Годинава се едно скалило подоле од очекувањара. На табелата се на третото место зад Целје и Требње и им се смешкаат две квалификациски кола во Европската лига. 
Плановите за следната сезона им се поамбициозни. 

Двајца нови ракометари доаѓаат во Велење. Едниот од нив е добро познато име - голманот Матевж Скок. Овој 35 годишен голман во моментов брани во португалскиот Спортинг, а зад себе има настапи за Загреб, Лубеке, Целје и во сезоната 2010-2011 за Горење. 

Второто засилување е 27 годишниот пикер Давид Ковачиќ чија резиме е главно врзано со екипата на Рибница. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk