Иван Марковски се (пре)сели во Кина

Иван Марковки е првиот ракометен тренер од Македонија што ќе води кинески клуб.



Кина имаше своевремено сосема респектабилна женска репрезентација, тие што подолго и повнимателно следат ракомет веројатно и ќе се сетат дека ги предводеше вонсериската Зао Чаи, но потоа ги снема од картата. 
Дека ракометот не е „мртов“ во Кина, се потсетивме кога ги испратија нивните репрезентации да се калат во Данска, што воопшто не е ефтин проект, а откако не видоа многу напредок од скандинавскиот стил ги видовме и во СЕХА со машка екипа. 

Во моментов, работат заедно со Русија, а поради Ковид мерки не играа(т) квалификации. Лани нивната земја на сметка на хаосот во квалификацискиот систем на ИХФ доби џокер карта за настап на СП и тоа, финално на сметка на женската репрезентација на Македонија. 

За прв пат, македонски тренер ќе води клуб од Кина следнава сезона. Иван Марковски ќе го преземе клубот Шандонг. Кинезите денеска го официјализираа овој трансфер, а Марковски лета на исток во моментот кога ќе ги добие потребните документи. 
Во план, во иднина, ако се оди како што треба, Марковски би можел да стане и селектор на женската репрезентација на оваа земја. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk