Келце фати курс за Келн

МОНПЕЉЕ - КЕЛЦЕ  28-31 (12-16)
Деска 6, Валиниус 5, Вилмино 5 - А. Душебаев 7, Каралек 5, Морито 4, Кулеш 4



Келце го совлада Монпеље на гостински терен и е многу блиску до пласман на Фајнал фот турнирот во Келн. Подобри беа уште од стартот гостинските ракометари и беше многу видливо дека Талант Душебаев има многу повеќе опции на располагање од Патрис Канаје и покрај директниот црвен картон на Даниел Душебаев уште во воведните 15 минути (несмасен, опасен старт). 

Келце ја контролираше играта, имаа свои моменти повеќе играчи, а остана во „очи“ играта на Алекс Душебаев (7 гола), Морито и Каралек исто така погодуваа кога требаше, па Келце успешно го одржуваше водството и покрај (пот)просечната претстава на Волф и Корнецки на голот.

Кај домашниот тим Марин Шего, голманот беше причината што Келце не се одвои на поголема разлика. Видовме убави потези од шведскиот ракометар Валинуис, потоа крилото Деска им даде некоја подобра нијанса, но севкупно Монпеље вечерва беше поблиску до тоа да помине полошо, отколку да помине до помала разлика од три гола. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk