ВЕСПРЕМ - АЛБОРГ 36-29 (17-16)
Маргуч 7, Јахија 6, Нилсон 5, Мае 5,
Манасков 1 - Јул 6, Бјорнсен 5, Сандел 5
Веспрем одигра одлична одбрана, особено во вториот дел и успеа да го совлада данскиот Алборг со убедливи седум гола разлика.
Дејан Манасков се врати на терен по пауза од осум месеци, играше десетина минути во вториот дел и постигна еден гол од два обида.
Средбата имаше брз ритам во првиот дел. Головите се нижеа како на филмска лента, а Веспрем носен на крилјата на публиката малку подобро се снаоѓаше во бучната арена.
Во вториот дел, Унгарците успеаја да наметна свој ритам на игра, а тоа не му одговараше на Алборг. Бековите на данскиот тим беа неутрализирани, особено ова се однесува на Палмарсон, па по два врзани периоди од по 5-6 минути без гол, Мадсен се реши за игра 7 на 6.
Веспрем имаше свои минути и во бранови напаѓаше, а тоа му донесе разлика од 5-6 гола. Алборг успеа да намали на минус четири, во еден момент се закани и со можност да намали до момент да има и разлика со која може да биде задоволен, но нивната одбрана не издржа. Јахија и Нилсон соработуваа одлично, Ненадиќ ќе се приклучеше со по некоја „бомба“ или асистенција, а Маргуч немилосрдно ја полнеше мрежата на Гаде и Агефорс од седмерци.
На крајот Веспрем стигна до највисоки плус седум и тоа е и конечната разлика на овој убав за око натпревар.