Келце спрема понуда за Готфридсон

Се чини дека Јим Готрфидсон е долго најавуваното засилување за Келце.



Шведскиот весни Афтонбладет, кој беше прв што објави дека Јим Готфридсон има неколку понуди за да замине од Флензбург, сега објави нова пикантерија од приказната. 

Имено, Келце, шампионот на Полска е спремен најдлабоко да брцне во џебот за да го доведе Готфридсон во своите редови, иако шведскиот ас има договор до 2025 година. 

Монструозна отштета наводно е спремен да плати Келце за услугите на Готфридсон од 2023 година. Што се однесува до платата, таа од 19.000 нето, би му пораснала на 28.000 евра или повеќе, нето.

Бертус Сервас, претседателот на Келце со недели најавува ново големо име со кое наводно е се договорено, но и дека играчот има активен договор. Тие неодамна се договорија за трансфер на Сташ Скубе, но го „продадоа“ Словенецот во Монпеље уште пред да стапне во Полска, наводно за сума од 200.000 евра. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk