„Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега, изјави Тимур Дибиров.
Тешко дека Вардар можеше да добие подобри вести од одлуката на Дибиров да остане уште една сезона. Русинот неодамна најави заминување, но од тој момент позитивниот притисок од јавноста и навивачите врз него ссе зголеми, а патем одново се појави глад да победи и убави моменти откако во шампионатот има уште еден силен ривал.
Дибиров ќе заокружи 10 сезони во Вардар и заедно со Столе Стоилов се единствените активни играчи во сегашниот тим на Вардар што имаат освоено шампионски пехар во Лигата на шампионите.