Ѓукиќ ја одведе Татабања во Европа и го спаси проектот

Унгарскиот тим Татабања многу рано ги отвори картите за наредната сезона. Испокувува играчи од Е. Пелистер, направи нов тим за следната сезона, има нова сала, нов силен спонзор, но се тоа можеше да оди низ реката ако не излезеа во Европа. 



Поранешниот селектор на Македонија е екс тренер на Вардар, Драган Ѓукиќ ја презема унгарската Татабања во моменти кога клубот беше благо кажано хаотичен и во резултатски пад. Играше на неколку фронта, но најважниот беше во домашното првенство. Татабања има нова сала, нов спонзор, уште во јануари се договори со четири играчи од Е. Пелистер, потоа и со уште некои друи засилувања, а несмасно и аматерски му соопшти на актуелниот тренер дека во јуни ќе биде сменет. Се тоа можеше да излгеда поинаку, доколку Татабања не обезбеди пласман во Европа. 

Но, клубот под водство на Драган Ѓукиќ на три кола до крајот е на четвртото место, благодарение на серијата од осум победи по ред. Последниот пораз во шампионатот им е на 19 февруари од ПИК Сегед. Само бод ги дели од математички пласман во Европа, иако во пракса веќе можат да бараат нови куфери за патување.
Татабања има 30 бода, ( за победа се добиваат два бода) а тоа се два повеќе од Ференцварош кој е на последното место што води во Европа и пет од Комло. Ференцварош и Комло имаат и меѓусебен меч. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk