Куп финалето за Начевски и Николов

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, генералната проба за арбитража на дуелот меѓу Кил и ПСЖ ќе ја имаат во Кавадарци.




Куп натпреварувањето во Македонија својата завршна вечер ќе ја има во недела во Кавадарци. Ден претходно, ќе се играат полуфиналните натпревари. 
Најдобрата македонска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја имаат честа и одговорноста да ја делат правата на машкото финале, во кое според досегашните резултатити сезонава, очекуваме нова пресметка меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.
Дејан и Димитар Георгиевски, односно Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе ги судат саботните полуфинални натпревари. 


Марија Илиева и Силвана Карбеска

Врвна арбитража од судии до меѓународна значка ќе има и кај дамите. Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат финалниот меч, а и полуфиналната арбитража ќе биде мешународна, ќе судат Карбеска и Илиева на жешкиот меч меѓу Куманово и Металург, а Методија и Михајло Илиевски од Битола ќе ја судат средбата меѓу Ѓорче и Чаир. 

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски




Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk