(Нај)атрактивната Холанѓанка не доаѓа во Скопје!

Тес Вестер, голманот на женската репрезентација на Холандија, нема да настапи на ЕП Македонија 2022. 


Македонската публика ќе биде ускратена од можноста да ја гледа во живо можеби најголемата и секако најатрактивната холанска ракометарка Тес Вестер на претстојното ЕП што ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора. 

Холандија ќе игра во Скопје, заедно со Романија и Франција, но Вестер нема да биде во тимот. Таа денеска објави дека е бремена и дека и претстои подолга пауза од ракометните терен. 
Нешто порано сезонава, Вестер објави дека заминува од ЧСМ Букурешт, но за името на новиот клуб ќе почекаме неколку месеци. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk