Барса ќе се прошета до Келн преку Флензбург

ФЛЕНЗБУРГ - БАРСА 29-33  (13-18)
Јакобсен 9, Гоља 5, Јоханесен 5 - Бен Али 8, Мем 6, Гомез 5



Барса е веќе чекирана на Фајнал фор турнирот во Келн, откако вечерва ја совлада екипата на Флензбург како гостин со 33-29 и иако е во спортот се можно, не би се обложиле дека Флензбург следната недела ќе ја совлада Барса со пет гола разлика во „Блау грана“. 

Флензбург веројатно играше на „картата“ дека Барса остана само со Јусеф Бен Али на пивотменската позиција, па му оставија на натурализираниот Катарец премногу простор. Тој им врати со 8/8, а фактор број два, односно број еден е голманот Перез Варгас кој на старот на мечот нанижа шест одбрани. 
Барса ја искористи лошата одбрана на противникот и својот добар голман и поведе со 9-2. 

По ова мечот мина во безуспешните обиди на Флензбург да направи пресврт. На полувреме беше 18-13, а мини офанзивата на Германците ги одведе до напад за минус два во еден момент, при 23-26. 
Се одбрани Барса, Мелвин Ричардсон постигна два многу важни и тешки погодоци по ред и предноста беше вратена. 
Флензбург не успеа да направи многу нешта со крајот, па мораше да се „задоволи“ со минус четири, предност, што речиси сигурно ја носи Барса кон Келн. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk