Дејан Манасков има нов клуб?

Романскиот спортски весник Газета Спортилур, денеска ги објави плановите на романскиот клуб Динамо Букурешт во кои е сместен и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.


Романскиот весник објави дека Динамо Букурешт предводен од Чави Пасквал и Давид Баруфет, две легенди на шпанскиот ракомет, планира уште три нови засилувања. 
Тоа се Дејан Манасков, македонскиот интернационалец што настапува за Веспрем, потоа Лазар Кукиќ, српскиот централен бек кој требаше од Бенфика да премине во Мешков Брест, но поради суспензијата на Украинците ќе игра во Романија и Бразилецот Жоао Силва кој во моментов игра во Пуенте Хенил од Шпанија. 

Претходно, Динамо се договори со Али Зеин, Египетскиот бек што игра во Барса, десниот бек Станислав Кашпарек од Мешков Брест и укринското десно крило крило Андриј Акименко. 

Информацијата не е офиијално потврдена, но весникот тврди дека поранешниот вардаров играч Анте Кудуз и иранскиот интернационалец Саид Хаидаридад ќе добијат романски државјанства, поради новите правила околу странците. 

Уште еден поранешен вадаров бек е на продажба. Кристијан Дизингер во Динамо добива плата од 12.000 евра и не се согласил за нејзино намалување. Затоа Динамо, сега бара клуб каде што ќе го трансферира Германецот. 

Амин Банур, Алиреза Мусави, Разван Гаврлиоја, Андреј Лазар заминуваат од тимот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk