Гледајте денеска: Мега дуели во ЛШ!

Флензбург - Барса (18:45) и ПСЖ - Кил (20:45) се на денешното мени во Лигата на шампионите. 




Заврши паузата во машката Лига на шампиони. Денеска на мени се два мега дуела. Од 18:45 во Хале Норд се среќаваат Флензбург и Барса, а во 20:45 во „Пјер де Кубертен“ во Париз, гостува Кил. 

Готрфидсон, Менса и Ејнарсон против Енгесан, Циндриќ и Дика Мем. Гонзало Варгас против екс колегата Кевин Мелер. Се враќа и Бенјамин Буриќ на голот.
Флензбург има армија на ѕвезди што играат одлично во репрезентациите, Барса има систем што доминира. Хендикеп за каталонците е неиграњето на пикерите Лудовик Фабрегас и Луиш Фраде, а Бен Али ќе биде џокерот на Ортега на линијата. Кај Флензбург Хампус Ване имаше проблеми, па Емил Јакобсен најверојатно ќе биде првата опција. 
Флензбург ќе има полна сала, над 5.000 во „Хале Норд“, Барса има реванш на свој терен...

Два часа подоцна во старата и легендарна сала во Париз ќе гостува Кил. Раул Гонзалез има комбинации од кои боли глава, но и еден мега хендикеп. Нема да може да смета на Микел Хансен. Данската ѕвезда поради проблеми со здравјето ја заврши оваа сезона предвреме. 
Но, Раул може да изгради ѕид од двомтераши како Криштопанс, Шипжан, Лука Карабатиќ.. може да стави ниска брза комбинација со Лук Стеинс, може да комбинира со Ремили, Никола Карабатиќ...

Филип Јиха нема толку ѕвезди на раполагање, но има систем граден до години и таму се функционира под конец особено кога екипата „сака“ да игра одбрана. Тогаш, Винцек и Пекелер заедно со Дувњак и Рајнкинд и згора на се Ландин, знаат да го скријат голот. 

Што и да биде, како и да биде, вечерва гарантирано ќе гледаме врвен ракомет.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk