Начевски и Николов на Кил - ПСЖ

Утре почнуваат 1/4 финалните пресметки меѓу екипите кандидати за Фајнал фор во ЛШ што ќе се игра во Келн. Големото дерби го играат ПСЖ и Кил.




Дуелот меѓу ПСЖ и Кил е големото дерби во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, иако и другите три парови се атрактивни и гарантираат врвен ракомет во кој вистинските фанови сигурно ќе уживаат. 

Но, за врвна претстава на теренот, потребни се и врвни судии. ЕХФ ги испраќа најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов да ја делат правдата на најсилниот меч. Тоа секако ќе биде реванш натпреварот меѓу Кил и ПСЖ, натпревар што ќе се игра пред повеќе од 10.000 гледачи во „Вундерино Арена“ во Кил на 19 мај. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk