ИХФ: Само вакцинирани ќе смеат да играат на СП Македонија (У18)

Супер Глоуб, женското јуниорско СП (Словенија), женското кадетско СП (Македонија) како и турнирите во ракомет  на плажа се предмет на последниот смислен протокол на ИХФ за заштита од Ковид. 




Иако во Македонија се укинати речиси сите мерки за заштита од Ковид 19, за време на женското јуниорско СП што ќе се игра во Скопје во јули-август, повторно ќе се потсетиме на времето во кое Ковид го кроеше секојдневието. 

ИХФ објави проткол за заштита, а тој подразбира дека на СП ќе смеат да играат/учествуваат само целосно вакцинираните или тие што заздравуваат од Ковид. 
За целосно вакциниран се смета секој шти има примено 2 дози вакцини или една дозна од Џонсон и Џонсон, без разлика на датумот на вакцинација. 

Учесниците ќе треба и да се тестираат, но со антиген тестови на крајот на секој фаза. Проколот е подложен на промени, па ќе ја сочекаме и неговата финална верзија. 

Комплетните мерки на ИХФ со клик на следниов ЛИНК

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk