Освои ЕХФ Куп, доби отказ во соблекувална

Тренерската судбината е да бидеш сменет или да чекаш да бидеш сменет. 



Димитрис Димитрулас е тренерот што го прослави грчкиот тим АЕК. Минатата сезона овој клуб со овој тренер го освои првенството на Грција, Купот, за втор пат на грчка екипа и донесе и меѓународен пехар - го освои ЕХФ Куп (поранешен Челинџ Куп). 

Тренерската судбината е да бидеш сменет или да чекаш да бидеш сменет. А Димитри Димитрулас со својата судбина се сретна многу брзо. АЕК во полуфиналето на Купот го елиминираше Олимпијакос (28-24), но сензацијата направи малиот Пилијас кој во полуфиналето го елиминираше ПАОК; а во финалето го изненади АЕК. 
Потоа почна Плеј оф, а АЕК на првиот меч, загуби од Олимпијакос, дома по продолжетоци. 
Веднаш потоа, недостоинствено, уште во соблекувалната Димитрис Димитрулас доби отказ. 

Нов тренер на АЕК е грчката ракометна легенда Александрос „Алексис“ Алванос (42). Играч што своевремено настапуваше и за РНЛ, Гумерзбах, Вецлар... Кариерата ја заврши во 2019 во АЕК, а тренерското деби ќе го има денеска, на жешкиот терен кај „црвено-белиот“ ривал. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk