Африка има нов клупски шампион

Ал Ахли со шпанскиот тренер Даниел Гордо на клупата го совлада Замалек со шпанскиот тренер Оливер Рој на клупата во финалето на Клупскиот куп на Африка. 



Ал Ахли е новиот првак на Африка и клуб што ќе добие покана да настапи на Супер Глоуб, доколку се организира годинава. Во финалето на Клупскиот куп на Африка, Ал Ахли го совлада големиот ривал Замалек (32-30) и го освои својот шести шампионскиот пехар во натпреварувањето во кое Замалек доминира со 12 пехари. 

Ал Ахли на клупата имаше нов тренер, Дани Гордо од Шпанија кој до неодамна го водеше Мешков Брест ја презема оваа екипа. Но, каква и да е заслугата на Дани Гордо, не би рекле дека е тој факторот „икс“ туку двете нови имиња што дојдоа од Катар. 

Еден од нив е Рафаел Капоте. Кубанецот што со години игра во Катар. Вториот е бразилски ракометар, Асасио Маркез. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk