Филип Кузмановски по втор пат за три недели е во тимот на колото во најсилната лига на светот.
Партијата пружена на натпреварот со Мелзунген, на која Хановер победи ако гостин (29-22) не остана незабележана. Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски постигна шест гола на овој меч, имаше и шест асистенции.
Аналитичарите во Германија, го сместија во идеалниот тим на 29 коло, а друштво му прават познати ракометни ликови.