Алкалоид слави прво место! Вардар близу Супер лига

15 коло во Прва машка лига го донесе најголемото изненадување во досегашниот дел од сезоната. Фаворитот Голден Арт беше поразен на гостувањето кај Вардар Неготино и остана на минус девет бода во однос на лидерот на шампионатот. 


На три кола до крајот на првенството Алкалоид има девет бода предност пред Голден Арт и подобар меѓусебен скор што значи дека новиот клуб во својата прва сезона ќе го освои и првото место. 
Алкалоид доминираше низ шампионатот и досега има само еден нерешен меч, а на сите други запишал победа, во најголем случај двоцифрена. 

Изненадувањето, да не претераме да кажеме мини сензацијата што ја приредија неготичани ги доведе сосема блиску до пласман во Супер лига. Не се се уште безбедни, достижни во теорија се и за Аеродром и за Куманово, но имаат домашен меч со скопскиот ривал и воопшто можат многу помирно да спијате во пресрет на последните три кола. 

Поразот на Голден Арт сигурно не ги израдува Аеродром и Куманово, но рековме дека и натаму имаат теоретки шанси. На крајот на денот и шестото место нови бараж за Супер лига. 

Јуниор Кисела Вода е практично третиот суперлигаш. И тие по една сезона се враќаат назад во елитата. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk