Даде повеќе голови отколку што има години

Колку пати се слушнале дека некој играч постигнал повеќе голови на еден натпревар отколку што има години? И тоа на меч што решава за шампионска титула?



Од моментот кога прв пат го видовме на дело на јуниорското СП во Скопје тогаш 17 годишниот Мартим Кошта, имаме напишано десетина текстови со назнака дека се работи за врвен талент, еден од најдобрите што овој спорт го има(л) воопшто и дека треба да се следи неговата кариера. 
Сега можеме слободно да кажеме дека не е Мартим, туку неговиот помлад брат Франциско Кико Кошта е  најголемиот светски талент што овој спорт воопшто го има во моментов. Слободно би го споредувале и со Микел Хансен, Никола Карабатиќ, Сандер Сагосен и кој било друг вонсериски играч на негови години. 

Франциско Кико Кошта заедно со неговиот брат за сума од 250.000 евра како што се зборуваше, есенва минаа од Порто во Спортинг. Таму тренер е нивниот татко, Рикардо Кошта. Тоа што во многу средини, посебно на Балканот би било дочекано на нож од познатите социјал-медиа критичари, во Португалија е проект што треба да донесе врвен резултат. 

Франциско Кико Кошта е висок 190 см, игра на позиција десен бек и има 17 години. Вчера на дуелот со Порто што се играше за шампионски пехар постигна неверојатно, 19 гола!  Пред две кола на Бенфика и даде 12 гола. Спортинг не го доби мечот, загуби минимално 28-29, но расплаканиот Кошта по мечот го тешеа и ракометарите на Спортинг, но и ракометарите на Порто, оддавајќи му на тој начин респект за тоа што го направи на 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk