Митревски на чекор до титула со Порто

Четири кола до крајот и три бода предност за Порто во битката за шампионската титула во Португалија. 



Порто го совлада Спортинг како гостин на натпреварот што директно решаваше која од овие две екипи ќе го освои шампионскиот пехар.
На меч што се играше во Лисабон, Порто славеше 29-28 и бодот предност што го донесе со себе го зголеми на три бода предност во однос на директниот ривал.

Со само четири меча до крајот,  имајќи предвид каков е односот на силите на Порто во однос на ривалите, можеме слободно да констатираме дека Никола Митревски, македонскиот голман кој брани за Порто ќе слави шампионска титула на крајот на сезоната. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk