Во тек е годишното собрание на Ракометната федерација на Македонија.
Едногласно беше прифатен извештајот на Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов за работата на Ракометната федерација на Макдонија за периодот од 2021 до февруари 2022.
Тој посвети поголемо внимание на работата на репрезентациите во минатиот период, искажувајќи незадоволство од пласманот на ЕП 2022, но и задоволство од подоцнежните настапи на и обезбедениот пласман на СП 2023.
Супер лигата се проширува. Следната сезона ќе играат 16 екипи поделени во две групи. Осум од нив продолжуваат во Плеј оф, осум ќе играат во Плеј аут.
Најдобрите од групите ќе пренсат по 4, 3, 2 и 1 бода, следствено пласманот.
Шесто место во Плеј аут ќе игра бараж со третопласираниот од Првата лига. Седмиот и осмиот на крајот ќе испаднат од лигата, а првиот и вториот од Прва лига ќе влезат во Супер лига.
Системот ќе биде истиот и во женската Супер лига, екипите во зависност од нивниот број ќе бидат поделени во две групи. Потоа ќе бидат поделени во Плеј оф и Плеј аут. Резултатите од првиот дел на сезоната ќе се пренесат во Плеј оф и Плеј аут.