РФМ успешно финансиски ја мина 2021

Редовното годишно собрание на РФМ се одржува во градското собрание на Скопје, а федерацијата пред делегатите го презентираше и финансискиот извештај. 




Приходите на РФМ за 2021 година изнесуваат 115.137.311,00 денари, додека расходниот дел е во износ од 107.436.384,00 денари. Овој дел се однесува на водење на сите лиги на РФМ, националните селекции, расходи на организацијата меѓународни и Куп натпревари и квалификациски турнири, трошоци за ракометниот турнир во Струга, трошоци за развој на младински ракомет, учество на меѓународни натпревари во сите категории, како и редовните режиски расходи на канцеларијата на РФМ.
Финансиските средства останати од буџетот од 2021 година се искористени за учество на машката сениорска репрезентација на Македонија за ЕП 2022 година во Унгарија и Словачка, а дел од ќе бидат искористениза следните квалификациски мечевиво 2022 година на машката сениорска репрезентација за учество на СП во Шведска и Полска 2023 година.
Маркетинг: Надзорната комисија констатира дека во делот на приходи е реализиран во износ од 2.995.000,00 денари, додека расходот е 2.851.169,00 денарии истиот се однесува на расходи од тековното работење на РФМ Маркетинг ДООЕл. Остварен е позитивен резултат, добивката на Маркетинг ДООЕЛ пред оданочување изнесува 143.831,00 денари.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk