Барса нема да може да смета на услугите на францускиот репрезентативен пивот Лудовик Фабрегас во следниот месец.
Лудовик Фабрегас ќе биде надвор од теренот околу еден месец. Францускиот пивот мораше на операција на слепо црево и нема да биде во составот за дуелите со Флензбург од 1/4 финалето на Лигата на шампионите и мошне веројатно не би бил достапен ниту за Фајнал фор доколку Барса се пласира.
Барса во моментов на линијата го има единствено катарскиот пивот Јусеф Бен Али. Тој им заврши голема работа на почетокот на сезоната кога исто така останаа „тенки“ на линијата откако се повреди Луиш Фраде.
Бен Али нема да остане во Барса, тој на лето се сели во Франција, во екипата на Екс Прованс.