Швајцарски рај за „пензија“

По Џуан Кањељас кој минатата сезона изненадувачки ПИК Сегед го замени со Кадетен, сега уште еден шпански ветеран на залезот на кариерата одјава кон Алпите. 



Ќе стан ли Швајцарија посакувана дестинација за (шпанските) ракометни ветерани? По Џуан Кањељас кој од Сегед се пресели во Кадетен, сега и играчот без кој не можеше да се замисли каков и да е избор за најдобар дефанзивец ако тој не е главен фаворит се сели во Швајцарија. 

Виран Морос, прекалениот борец и играч чии стартови ги паметат ногу ѕвезди од Португалија до Израел, потпиша договор со екипата на Винтертур. 
Неговиот досегашен клуб, Берлин, изрази жалење што не може да го задржи, но кај нив следната година доаѓа осум години помладиот шведски пивот Макс Дарџ (30) кој може да игра и во два правца, па Морос мораше да бара нова средина. И ја најде, уште пред да заврши актуелната сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk